Рјабков: Ќе разговараме за нуклеарните прашања кога Американците ќе бидат помалку непријателски кон Русија

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека Русија ќе разговара со САД за контрола на нуклеарното вооружување само кога Американците нема да бидат непријателски настроени кон Москва.

– Ние веруваме дека без промена на длабоко и суштински непријателскиот став на САД кон Русија, едноставно е невозможно да се продолжи дијалогот за стратешка стабилност, вклучително и за темата Нов СТАРТ, посочи Рјабков.

Новиот договор СТАРТ, последниот билатерален договор за контрола на нуклеарното оружје меѓу двете земји истекува во 2026 година.

Горниот дом на рускиот Парламент денеска одобри повлекување од ратификацијата на Договорот за забрана на нуклеарни тестови. Од своја страна, САД во јуни соопштија дека се подготвени да ги почитуваат ограничувањата за бројот на нуклеарни боеви глави утврдени во Договорот за неширење на нуклеарно оружје Нов СТАРТ сè додека Русија го прави истото.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

Москва во февруари го суспендираше своето учество во овој билатерален договор, чија важност истекува во 2026 година.

Русија и САД заедно поседуваат речиси 90 отсто од целото нуклеарно оружје во светот.

МИА

- Реклама -