УНРВА ќе ја прекине работата во Појасот Газа доколку не пристигне гориво

Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестински бегалци (УНРВА) соопшти дека ќе биде принудена да престане да работи во Појасот Газа, освен ако не дојде до испорака на гориво на територијата зафатена од војна.

Доколку итно не се набави гориво, ќе бидеме принудени да ги прекинеме нашите операции во Појасот Газа од утревечер, објави УНРВА на социјалната мрежа „X“.

Во меѓувреме, Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека од 7 октомври убиени се над 5.000 луѓе, меѓу кои 2.055 деца.

МИА

- Реклама -