МВР објави фотографија од пукачот во „Ист Гејт“, апелира ако некој има информација веднаш да пријави

„Во врска со пукањето кон две лица од огнено оружје кое беше пријавено денеска (24.10.2023) во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје, кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан.

Притоа, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112“, соопшти Министерството за внатрешни работи по денешниот напад врз Раде Трајковски Штекли, откако во медиумите беше објавено и видеото од надзорната камера.

Прочитајте и:  Кривична пријава против поранешен в.д директор на КПУ Затвор Струмица, им се заканувал на полицајците да ослободуваат осудени лица

- Реклама -