МО на Србија: Вучевиќ нема врска со Бањска, бесрамни се лагите на Курти

Министерството за одбрана на Србија денеска ги отфрли наводите на косовскиот премиер Албин Курти дека зад нападот во Бањска стои новосадскиот клан на чело со српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Во соопштението до медиуите Министерство ја повика меѓународната заедница „да реагира без одлагање“ за да се запре, како што оцени, „запаливата и валканата медиумска кампања на раководството во Приштина насочена кон Србија и нејзините функционери“.

Курти на Фејсбук го нарече нападот во Бањска „паравоен и терористички“ и додаде дека Вучевиќ е претседател на владејачката Српска напредна партија (СНС).

Министерството за одбрана на Србија соопшти дека Курти објавува „безобразни лаги“ и го обвини дека секојдневно го прави истото, како дел од медиумската кампања „против државата Србија и нејзиното раководство“.

Прочитајте и:  Идна надворешна политика на ЕУ: Главна е поддршката за Украина, поделба на Косово не доаѓа предвид

Се нагласува дека во интерес на зачувување на мирот и стабилноста на Косово, од клучно значење е властите во Приштина да бидат принудени „веднаш да го прекинат секојдневниот терор“ врз Србите, да ги спроведат сите договори и да ја формираат Заедницата на српски општини (ЗСО).

МИА

- Реклама -