Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека му поставил „тешки прашања“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на нивната денешна средба во Тел Авив.
Бајден даде информации на социјалната платформа Х за средбата, на која двајцата разговарале и за хуманитарните потреби, безбедносната помош и за исчезнатите Американци.
„Поставив тешки прашања како пријател на Израел. Ќе продолжиме да го одвраќаме секој актер кој сака да го прошири овој конфликт“, рече Бајден.
МИА