Галант: Припадниците на Хамас имаат две опции – или да се предадат или да умрат

Припадниците на терористичката група Хамас имаат две опции во актуелната војна во Појасот Газа – или да се предадат или да загинат, соопшти денеска израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

„Нашите авиони ќе стигнат насекаде. Секој проектил е адресиран. Ќе дојдеме до секој член на Хамас“, рече Галант во обраќањето до пилотите и техничарите на флотата од авиони Ф-35 на израелските воздухопловни сили, во базата Неватим, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Членовите на Хамас имаат две опции – или да умрат на своите позиции или безусловно да се предадат. Трета опција нема. Ќе ја избришеме организацијата Хамас и ќе ги растуриме сите нејзини капацитети“, кажа Галант.

Прочитајте и:  Хамнеи: Апсење не е доволно, треба смртна казна за израелските лидери

Израелскиот министер вчера се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој повтори дека САД го поддржуваат Израел и правото на оваа земја да се брани.

Галант истакна дека ова ќе биде долга војна и дека цената ќе биде висока.

„Но, ние ќе победиме за Израел и еврејскиот народ и за вредностите во кои веруваат двете земји“, рече тој.

МИА

- Реклама -