Газа: Во израелските напади досега загинаа 447 деца

Властите во Газа денеска објавија ажурирани податоци за убиените во израелските воздушни напади, јавува Скај Њуз.

Според локалното Министерство за здравство во изминативе денови загинале 1.417 луѓе, меѓу кои и 447 деца и 248 жени.

Во соопштението се наведува и дека од саботата, кога почнаа изрелските воздушни напади на Газа ранети се 6.268 лица.

„Здравствениот систем почна да колабира“, се вели во денешното соопштение на министерството.

„Бројот на повредени лица е поголем од клиничките можности на болниците, дури и откако тие беа проширени и повредените се сместени во ходниците“, велат од Министерството.

Израелската воздушна кампања против Газа почна по ненадејниот и силен напад на Хамас врз Израел, при што убиени се повеќе од 1.300 Израелци.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

МИА

- Реклама -