Германија најави нов пакет одбранбена помош за Украина во вредност од една милијарда евра

Германија објави нов пакет одбранбена помош за Украина во вредност од една милијарда евра, соопшти тамошното министерство за одбрана.

Според германското Министерство, програмата опфаќа системи за противвоздушна одбрана, оружје и копнени возила.

– Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина со она што и е најитно потребно – противвоздушна одбрана, муниција и тенкови, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

– Со овој нов „зимски пакет“ дополнително ја зголемуваме оперативната подготвеност на украинските вооружени сили во наредните месеци, додаде тој.

МИА

Прочитајте и:  Претседателот на Финска: Доналд Трамп треба да биде сфатен сериозно за планот за завршување на војната во Украина
- Реклама -