Пронајдени најмалку 260 тела изрешетани од Хамас при нападот на музичкиот фестивал

Израелската спасувачка служба Зака соопшти дека најмалку 260 тела се извадени од музички фестивал кој беше под напад на Хамас.

Локалните медиуми известуваат дека очајните родители се обидуваат да дознаат нешто повеќе за своите деца, кои биле на рејв забава.

Видео емитувано од израелските медиуми покажува дека десетици посетители на фестивалот како трчаат низ отворено поле додека одекнуваат истрели.

Многумина се сокриле во околните овошни насади или биле застрелани додека бегале.

Се очекува бројот на загинати да се зголеми бидејќи медицинските екипи не завршиле со проверките на областа.

МИА

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант
- Реклама -