Бројот на загинати во Израел надмина 500, конфликтите на југ се уште траат

Бројот на загинатите во нападот на исламската екстремистичка организација Хамас врз Израел и ракетниот истрел во јужниот и централниот дел на земјата надмина 500, јавија израелските медиуми.

Меѓу жртвите има и десетици војници и полицајци.

Министерството за здравство потврди дека бројот на повредени во болниците достигна 2.048, од кои 20 се во критична состојба и 330 тешко повредени.

Израелската армија продолжи да се бори со вооружените екстремисти на улиците на населбите на југот на Израел.

Армијата е фокусирана на утврдување колку израелски граѓани, цивили и војници, вклучувајќи жени, деца и постари лица, се киднапирани и се држат како заложници во Појасот Газа.

МИА

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас
- Реклама -