Ковачевски за Мицкоски: Проблемите на нашата држава се од гастроентерхепатолошка природа

Проблемите на нашата држава се многу помалку од психотерапевтска природа, тие се повеќе проблеми од „гастроентерхепатолошка природа“, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во Гранада, прашан за коментарот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој изјави дека „кај Ковачевски проработел Фројд“, како одговор на коментарите на премиерот дека во опозицијата „има еден мал и еден голем Груевски“.

„Јас ја видов изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во кoja тој споменуваше автори од делот на психотерапијата. Сметам дека проблемите на нашата држава се многу помалку од психотерапевтска природа, тие се повеќе проблеми од гастроентерхепатолошка природа, со оглед на блокадите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави во Собранието и во носењето на одлуките за интеграција на нашите граѓани и на нашата држава во ЕУ“, рече Ковачевски, кој одговарајќи на новинарски прашања наведуваше и примери од блокадите кои опозицијата ги прави.

Прочитајте и:  Мицкоски: На реториката на ДУИ не треба да ѝ се дава значење, како стигнуваме до криминалот ќе станува уште пожестока
- Реклама -