Кривична против вработен во МВР, на колега кој не доаѓал на работа му помогнал да „спечали“ над 245.000 денари

МВР соопшти дека е доставена кривична пријава против А.А., вработен ПО Арачиново при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот во својство на полициски службеник, злоупотребувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на своите службени овластувања, му овозможил на полицискиот службеник И.Џ. да се стекне со противправна имотна корист во износ од 229.985 денари за исплатена бруто плата и 14.422 денари по основ на придонеси за бенифиции, на начин што во период од 03.11.2022 до 02.05.2023 година до надлежните служби при МВР доставувал лажни списи со евидентирани работни часови за исплата на плата без да приложи извештаи за привремена спреченост за работа за работникот И.Џ., кој не доаѓал на работа, со што му овозможил противправно да се стекне со горенаведениот паричен износ, а со истиот износ го оштетил буџетот на МВР.

Прочитајте и:  МВР потврди - отвориле предмет за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска постапка и привремено отстранување на работникот од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

- Реклама -