Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, вечерва ги пречека поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев во неговиот кабинет.
Веста ја соопштија од Општина Струмица, а во неа стои дека Заев и Ципрас се двајцата поранешни лидери кои „ги кренаа рампите меѓу Северна Македонија и Грција и трасираа пат на пријателство, разбирање, меѓусебна почит, ги зближија двата народи и ја зајакнаа севкупната соработка меѓу двете држави“.
„Прекрасно е чувството кога разговараш со храбри и одлучни политичари и кога си на иста линија со нив, бидејќи само така можеш да обезбедиш сигурна иднина за граѓаните, општината и државата“, стои во пренесената изјава на струмичкиот градоначалник.
Инаку, во кабинетот, во кој цели три мандати градоначалничкта функција ја вршеше Заев, Костадинов разговарал со двајцата гости за функционирањето на Општината, нејзиниот развој, новите предизвици и состојби во државата и регионот.