Борел предложи Украина во 2024 да добие до пет милијарди евра преку европски механизам

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска соопшти дека предложил Украина да добие до пет милијарди евра следната година како дел од повеќегодишната соработка во рамките на европскиот механизам.

„Се надевам дека ќе постигнеме договор пред крајот на годината“, рече Борел на заедничката прес-конференција во Киев со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Европскиот механизам за поддршка на мирот, формиран во 2021 година, е инструмент на ЕУ за вонбуџетско финансирање на одбранбените и воените активности во рамките на Заедничката надворешна и безбедносна политика.

Кулеба повика на забрзување на правната процедура за предавање на замрзнатите руски средства на Украина.

Прочитајте и:  Украински ВВС: Русија нападна со „рекордни“ 188 дронови во текот на ноќта

Тоа би било од корист и за ЕУ и за Украина, изјави украинскиот министер за надворешни работи. Тој нагласи дека овие средства би можеле да помогнат во финансирањето на закрепнувањето на Украина по руската инвазија.

МИА

- Реклама -