Речиси милион луѓе на протести во Варшава против владата

Речиси милион луѓе се собраа на митинг во Варшава за да протестираат против конзервативната полска влада, изјави во денеска портпаролката на градот.

Демонстрациите се одржуваат две недели пред општите избори на 15 октомври.

„Ова се апсолутно најголемите демонстрации во историјата на Варшава“, рече Моника Беут во изјава за западни медиуми.

На две недели пред парламентарните избори во Полска, најголемиот опозициски сојуз во земјата ги повика своите приврзаници денеска да излезат на улиците на Варшава на „Маршот на милиони срца“.

Десничарската Граѓанска коалиција, која произлезе од поранешната владејачка партија Граѓанска платформа, на Доналд Туск, сака да го продолжи успехот на сличниот митинг одржан во јуни.

Протестот го поддржува и левичарската унија Левица.

Полјаците на 15 октомври се поканети на избори. Во сите досегашни истражувања, владејачките националисти од Право и правда (ПиС), кои со земјата владеат од 2015 година, водат со очигледна предност.

Според истражувањето на Институтот Ибрис од 27 септември, се предвидува дека владејачката партија ќе добие 35,1 отсто од гласовите и може да се надева на трет владин мандат.

МИА

- Реклама -