Новиот британски министер за одбрана се сретна со украинскиот претседател Зеленски во Киев

Новиот британски министер за одбрана Грант Шапс го посети Киев и се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски, јави ДПА.

Посетата на Украина на Шапс, кој беше назначен да го замени Бен Валас на 31 август, беше потврдена во видео споделено од Зеленски на социјалната мрежа „Х“. На видеото се гледа средбата на британскиот министер со шефот на украинската држава во присуство на воени претставници на двете земји.

-Го примив британскиот министер за одбрана во Киев, објави Зеленски на „Х“. „Длабоко сум и благодарен на Британија за сета финансиска, хуманитарна и воена поддршка, вклучително и клучните оружја со долг дострел. Разговаравме за нашата понатамошна воена соработка и чекорите за зајакнување на одбранбените сили на Украина, додаде тој.

Прочитајте и:  Вонредно исклучување на струјата во Киев и во други области поради закана од напад

ДПА посочува дека посетата на Украина доаѓа речиси веднаш по именувањето на Шапс, кој веќе извршуваше неколку високи функции во британската влада.

- Реклама -