„Орелот има две глави, а една е во Митровица“: Транспарент на плоштадот Скендербег за поддршка на Косово

„Долга река Ибр, крв од Планина. Орелот има две глави, а една е во Митровица“, пишува на транспарентите кои доцна синоќа лица беа извадени на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, во знак на поддршка за Приштина, а по повод случувањата на северот на Косово во Бањска.

Фотографијата е објавена на Фејсбук профилот „Shkupi” (албанското име за Скопје), а како што може да се види, неколку лица, чии ликови се заматени, покрај транспарентите држат и албанско знаме.

Денеска во Косово, пак, со одлука на претседателката на државата Вјоса Османи, прогласен е ден на жалост во знак на почит кон убиениот полицаец во инцидентите кај Бањска.

Прочитајте и:  Ден на албанската азбука: Ниту едно добиено право не може да се укине или ограничи - му порача Меџити на Уставен суд
- Реклама -