Партнерство меѓу ДУИ, Алијанса и СДСМ не само што е поддржано, туку е и иницирано од поранешниот премиер Никола Груевски, тврди Беким Сали, екс-министерот за здравство, од редовите на Алтернатива.
„Стратешкото партнерство меѓу ДУИ, Алијанса и СДСМ отсекогаш било креирано, поддржано и иницирано од Груевски. И покрај сите напори за прикривање од минатото, – контроверзи, навреди, критики, тепања – тие отсекогаш биле синхронизирани и уникатни партнери“, напиша Сали на Фејсбук.
Сите инциденти во минатото, тврди Сали, биле искористени како камуфлажа за личните интереси.
„Тие ги искористија овие инциденти само како трик за камуфлирање на корупцијата и меѓусебните семејни бизниси поврзани со години“, додава тој.