Екс-премиерот Никола Груевски, во денешниот (контра)поход, му се обрати и на Антонио Милошоски. Повод, се чини, е вчерашната прес-конференција, на која Милошоски рече дека „Ковачевски и Ахмети преговараа амнестија со Груевски, со цел поделби во ВМРО-ДПМНЕ и уставни измени“.
„За Антонио Милошевски кој вчера држеше прес конференција против мене имам многу што да кажам, но засега ќе се воздржам.
Само ќе кажам дека многу добро го запознав неговиот карактер и минато.
Тој при секоја смена на лидер со сопствена иницијатива бара начини да го нападне претходниот, за да се истакне кај новиот.
Така ќе биде и кога Мицковски ќе си замине од челната позиција на партијата еден ден.
Антонио ќе држи прес конференција, а на интерни состаноци најжестоко ќе зборува против него како да му е прв душман, од првиот ден, за да ги добие симпатиите на новиот водач. Така функционира тој човек. Таков бил, таков е сега, таков и ќе си остане“, напиша Груевски.