Ескобар: Благодарни сме на Северна Македонија за регионалното лидерство и проевропско предводништво

„Северна Македонија игра многу важна улога во процесите во регионот“, изјави заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Во Интервју за Гласот на Америка тој изрази загриженост поради тоа што Западниот Балкан се развива во „две брзини“.

„Од една страна има членки на Северноатлантската алијанса кои се многу посветени на својот НАТО и европски пат. Тука се и преостанатите три кои се борат со потешкотии. За време на моите средби со нив, доследно им пренесував дека САД го поддржуваат нивниот евроатлантски пат. Би сакале и сакаме сите тие да ги решат внатрешните и регионалните разлики што ги спречуваат да напредуваат“, потенцира соговорникот на Гласот на Америка.

Прочитајте и:  Сиљановска Давкова лично и го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО

Прецизирајќи го одговорот, тој укажа на, како што истакна, важната улога на земјава во актуелните процеси.

„Ние сме им благодарни за нивното регионално лидерство, и за нивното проевропско предводништво. Како претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), мислам дека Северна Македонија постојано се докажува како одличен партнер. Во оваа смисла, би сакале да ја видиме и во Европската Унија. Албанија имаше одличен пристап кон членството во Советот за безбедност, во билатералните односи, како и со НАТО“, појасни Ескобар.

Извор: МИА

- Реклама -