Сојузната држава Калифорнија подигна обемна тужба против нафтените гиганти „ЕксонМобајл“, „Шелл“, Би-пи, „КонокоФилипс„ и „Шеврон“, како и против Американски нафтен интститут (АПИ) а поради повеќедецениско потценување на сознанието дека употребата на нафтени горива предизвикува климатски промени.
Ова е една од повеќето тужби од држави и локални заедници против овие големи енергетски компании. Претходно слична постапка поведе и државата Њујорк.
Во тужбата од 135 страници, поднесена во петокот во Вишиот суд на Сан Франциско, се тврди дека компаниите со децении, уште од 1960-те години, ја воделе во заблуда јавноста за климатските промени и опасностите од нафтените горива. Се бара оштета и помош за обнова на делови од Калифорнија уништени од екстремните временски прилики како покаченото ниво на морето или од суши и пожари, предизвикани од климатските промени поттикнати од човечки активности.
-Нафтените и гасни компании скришно ја знаеле вистината со децении, дека горењето фосилни горива води кон климатски промени, но не хранеа со лаги и сомнежи во прилог на тоа да продолжат со нивните рекордни профити, на штета на нашата природна околина. Што е доста, доста е, изјави викендов Роб Бонта, јавен обвинител на Калифорнија.
Тужбата следи по неколкугодишни врменески непогоди штетни по економијата на сојузната држава при што загинаа многу жители. Само годинава Калифорнија беше подложна на екстремно високи температури, опасни шусмски пожари, невообичаени периоди на силен дожд и снег, и зголемено ниво на морето, што е закана по крајбрежните делови. Според научните истражувања овие катастрофални метереолошки услови се најверојатно предизвикани од климатските промени.
Тужбата доаѓа по минатонеделниот ексклузивен материјал објавен од Волстрит журнал дека првите лица на Ексон во изминатите години продолжиле да изразуваат сомнеж во однос на опасностите од климатските промени и потребата да се намали употребата на нафта и гас, иако компанијата јавно, уште во 2006 година, а по децении негирање, се согласила дека нафтените горива продизвикуваат глобално затоплување.
Компанијата правела вакви напори сѐ до 2016 годона, иако нејзини научници моделирале проблематични зголемувања на јаглеродниот диоксид без големи намалувања во употребата на нафтени горива.
Гавин Њусам, гувернер на Калифоирнија, синоќа изјави дека штетата предизвикана од нафтените компании е „непроценлива“, и дека неговата држава е подготвена да бара одговорност.
-Со опсегот и големините што државата Калифорнија може да стори сметаме дека ќе се помрдна иглата, изјави Њусам на панел за климатските промени во Њујорк.
Рон Мејерс, генерален конзул на АПИ, најважната лоби група во оваа индустрија, ги одбрани нафтените компании и нивните заложби за намалување на издувните гасови. Тој рече дека политиката за климата треба да се води во Конгресот „во дебата и носење одлуки, не во судскиот систем“.
МИА