Кремљ ја потврди средбата Путин – Ким

Кремљ официјално потврди дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

На покана на претседателот Владимир Путин, шефот на државните работи на Демократска Народна Република Кореја, Ким Џонг-ун следните денови ќе пристигне во официјална посета на Руската Федерација, се посочува во соопштението од Кремљ.

Претходно, јужнокорејскиот информативен канал ИТН (YTN) повикувајќи се на неименувани владини претставници објави дека Ким со воз се упатил кон североисточната граница на Северна Кореја со посебен воз, а средбата со Путин би требало да се одржи најрано утре.

Тоа ќе биде прва посета на Ким во странство по повеќе од четири години и прва по пандемијата на Ковид-19.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон

Последната посета на Ким на Владивосток беше во 2019 година, на првиот самит со Путин, откако пропаднаа преговорите со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за откажувањето на Северна Кореја од нејзината нуклеарна програма.

МИА

- Реклама -