Скопје, 7 септември 2023 (МИА) – Собранието вчера ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик кои предизвикаа реакции во јавноста бидејќи се однесуваат на членови што ги „ублажуваат“ казните кои тангираат функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи, а беа донесени за два дена. Според Владата, која овие измени ги предложи со европско знаменце, станува збор за усогласување со директивите на Европската Унија. За опозицијата, тоа е обид за амнестија на актуелните функционери во случај на промена на власта. Во меѓувреме, Канцеларијата на ЕУ во Скопје проверува дали е злоупотребено европското знаменце.
Предложените законски измени кои беа изгласани со 48 гласови „за“, 36 „против“ и еден воздржан, во Собранието вчера ги образложи заменик министерката за правда, Законската рамка е добра, меѓутоа може треба зацврстувања на одредени закони за да се констатира подобро утврдувањето на одговорност на одредени членови во одредени институции, како што е Суд– Мадиќ, која рече дека намерата била да се обезбедат јасни, прецизни и цврсти описи на кривичните дела и дека Предлог – измените ќе доведат до проширување на опфатот на дела за кои ќе се предвидува конфискација.
Мадиќ појасни дека од вкупно 38 члена во законските измени и дополнувања, 35 се со директивите на ЕУ.
– За да нема забуни и дилеми зошто Законот е со европско знаменце, нагласувам дека предвидува 38 члена од кои 35 се со директивите на ЕУ. Вчера кога го давав Предлогот зошто треба да биде со европско знаменце и по скратена постапка, напоменав дека целта е усогласување со европското законодавство, истакна Аврамовска – Мадиќ.
Предлог – измените беа остро критикувани од пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои не поднесоа амандмани со став дека е предоцна за тоа.
Според пратеничката Гордана Силјановска Давкова, овој закон обезбедува механизам за потенцијална амнестија.
Намерно или случајно, деновиве, најцитирана изјава од гостувањето на директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, на емисијата “Win-win” е онаа за ЗАКАНАТА со казна: парична или „з- Овој закон обезбедува механизам за потенцијална амнестија на оние за кои секој ден слушаме што прават. Јасно е која е основната причина за донесување на овие измени – да се заштити криминалот и корупцијата. Денеска измените на Законот обезбедија заштита на криминалот и корупцијата, а преседан е и тоа што не е присутен министерот кој не стои на корицата на Законот, а по функција е тој што го персонифицира Министерството за неправда, потенцира професорката и пратеник, Силјановска Давкова.
Од СДСМ зборуваше пратеничката Снежана Калевска Ванчева кој ги праша колегите од опозицијата дали можеби им смета прецизирањето на одредбите со кое ќе се овозможи ефективно и ефикасно водење на кривичните постапки.
– Не можам да разберам како сфаќате што е приватен интерес. Дали проширената конфискација или усогласувањето на членовите од главата 22 (кривични дела против животна средина со европска регулатива)? Дали е и царинската измама приватен интерес? Како со таква леснотија кажувате дека овде се работи за приватен интерес освен ако немате некои такви искуства, но тоа е сосема друго. На кого му смета прецизен опис на законските одредби, дали сакаме да имаме прецизни законски одредби за да имаме ефективно и ефикасно водење кривични постапки со завршница за сите што го прекршиле законот?, рече Калевска Ванчева.
Вицепремиерот Артан Груби вчера изјави дека измените во Кривичниот законик, освен што се хармонизација со европското право, се и ексклузивно барање на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Прес-конференција на првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
– Македонската и албанската опозиција да си ги усогласат ставовите, затоа што македонската опозиција вчера на пленарната седница не гласаше „против“ измените во КЗ, коисе хармонизација со европското право, туку остана на седницата, правеше кворум и го усвои дневниот ред. Истото се случува и денеска на Комисијата за европски прашања, рече вицепремиерот Груби вчера, одговарајќи на прашањето дали овие измени се политичко пазарење со ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, во вчерашното гостување на Канал 5 Телевизија ја отфрли изјавата на вицепремиерот Груби и кажа дека е неточна. Според него, измената на КЗ е срамен чин на демократијата, а интенцијата на власта е да се заштитат од криминалот што го правеле.
Овој ден, истакнува Мицкоски, е симболот на македонската борба за слобода и државност, ден кој врзува две епопеи и еден идеал, а тоа е идеалот за слободна и независна Македонија. Генерации на
Мицкоски дополни дека единствен начин да се побара одговорност е само на избори, а за шпекулациите дека овие измени претставуваат премолчен договор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, рече дека се лага.
– Тоа го отфрлам како голема лага, не постои никаков договор, ниту пак имам намера да правам какви било договори, рече тој.
За случувањата во Собранието вчера реагираше и Демократскиот сојуз, според кој, измените претставуваат брутален напад на владеење на правото и правдата и класична амнестија на функционерите на СДСМ и ДУИ.
– Вакви крупни промени на Кривичниот законик мораат да поминат низ јавна и експертска расправа. Во Македонија на сцена е политичката мафија, треба да ја спречиме со граѓански отпор. Сите треба да бидеме свесни дека се рушат темелите на државата, затоа имаме обврска да го спречиме тоа, посочија оттаму.
Со измените, од КЗ се брише ставот 5 од членот 353 кој предвидуваше затворска казна од најмалку 5 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување при вршење на јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот. Член според кој изминатите години се гонети голем број државни и владини функционери, а дел од случаите сѐ уште се во тек.
Во членот 353-в, кој се однесува на делото „несовесно работење во службата“, за кое досега беше предвидена казна од минимум три години затвор за службено или одговорно лице во јавно претпријатие или установа кое ќе прибави значителна имотна корист, казната е намалена на шест месеци до пет години.
Наместо максималните десет години затвор кои досега беа предвидени во членот 394 казните за „злосторничко здружување“, односно за тој што ќе создаде група или банда, со измените се предвидени на максимален затвор до три години. Намалување има и за членовите на групата или бандата кои ќе извршат кривично дело, каде максималната казна затвор од пет години се намалува на две години. Токму со ова дело беа опфатени и голем број на обвинетите во предметите од СЈО.
Делегацијата на Европската унија вчера соопшти дека ги разгледува Предлог-измените на Кривичниот законик по скратена постапка и сè уште не може да коментира за употребата на знамето на ЕУ во конкретниот случај.
– Делегацијата на ЕУ ги разгледува предлозите објавени вчера на веб-страницата на Парламентот врз основа на стандардите и нормите на ЕУ. Сè уште не можеме да коментираме за употребата на знамето на ЕУ во овој конкретен случај, но потсетуваме на општото правило дека употребата на оваа постапка треба да биде ограничена на предлози кои го усогласуваат домашното законодавство со стандардите и нормите на ЕУ, изјавија од Делегацијата на ЕУ за МИА.
Во врска со веќе донесените измени и дополнувања на Кривичниот законик во Собранието, евроамбасадорот Дејвид Гир, во вчерашното гостување на Сител Телевизија, рече дека тие се на сајтот на Собранието од синоќа и сѐ уште не ги разгледале со колегите од Брисел.
– Ние сѐ уште не сме го завршиле тој процес, и затоа не можам да коментирам многу, освен да потсетам дека предлозите кои се со европско знаменце треба да бидат во насока на стандардизирање на домашните закони со европската легислатива. Европското знаменце е со цел да ја скрати дебатата во Парламентот за да има време да се усогласат сите закони и да оди процесот побрзо. Тоа не значи дека треба да ги скратувате важните дискусии или да се користи да се надминат процедуралните тешкотии, изјави Гир.
Според Транспаренси Интернешнл – Македонија, измените се спротивни на заложбата за безусловна борба против корупцијата и за засилени санкции против лицата кои се обвинети или осудени за коруптивни кривични дела. Оттаму укажаа дека штетата која што може да настане како последица на ваквите законски решенија, каде што практично доаѓа до неказнивост, би била огромна.
– Борбата со корупцијата опфаќа заедничка соработка на сите чинители во опшеството преку заедничко, континуирано и посветено дејствување, истакнаа од Транспаренси Интернешнл – Македонија и нагласија дека нивната реакција ќе биде доставена до GRECO, UNODC и до Transparency Internatonal.
Професорот по кривично право Гордан Калајџиев во врска со предложените измени на Кривичниот законик со кој се намалуваат казните за делата злоупотреба на службената должност и овластување, во
Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, во интервју за „Слободен печат“ рече дека не се постигнува ефект со строги и долги затворски казни, туку со редовни казни.
– Треба да е извесно дека ќе бидат фатени и казнети, како што е извесно дека пајакот ќе ви го собере неправилно паркираниот автомобил. Значи, за лукративни, коруптивни дела против службената должност поважно е да има олеснет пристап до конфискација на имотот отколку висока затворска казна, вели Калајџиев.
Со затворски казни како од 19. век, според професорот Калајџиев, само се зголемуваат проблемите, затоа што нашите затвори се со катастрофално лоши услови.
Најголемиот дел од одредбите содржани во Предлог-Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, покрај ова, се однесуваат на еколошките кривични дела кои се усогласуваат со директивите на ЕУ во оваа област.