Даниловски за случувањата на Онкологија: „Овој срам никогаш нема да си го испереме!“

„СРАМ“ – вака епидемиологот д-р Драган Даниловски ги оценува фрапантните случувања со цитостатиците на Клиниката за онкологија. Според него, тоа ќе остави трајни последици по репутацијата на медицинската професија во земјава.

Никогаш веќе пациент нема да влезе во докторска ординација без студени морници да му пролазат долж ‘рбетот, прашувајќи се:

И овој да не е од ‘таквите’?“, пишува Даниловски на Фејсбук, посочувајќи дека е точно дека „не се сите такви“, но и дека „покрај сувото, гори и суровото“.

„Овој срам никогаш нема да си го испереме! НИКОГАШ!

Во крајна линија, ова е пораз и срам (и) за нас, професорите на Медицинскиот факултет. Зашто, сите овие што ги фатија ‘со рацете во медот’ биле наши студенти. На кои не сме успеале да им вградиме основни етички принципи. По ѓаволите, ќе да беа залудни сите мои 40 години стаж…“, забележува Даниловски.

- Реклама -