Ковачевски: САД биле и ќе бидат со нас во сите клучни процеси, нов договор или можност за репреговарање нема да има

„САД биле, се и ќе бидат со нас во текот на сите клучни процеси за демократскиот напредок на земјата, од независноста до денес и се најголем поддржувач на остварувањето на двете клучни стратешки цели на државата а тоа е членството во НАТО, кое што го остваривме и она што следи, членството во ЕУ“, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој е во посета на Скопје.

Тој информираше дека на денешниот состанок разговарале за развојот на настаните и процесот во однос на нашиот еврооинеграциски пат, како и за отпочнување на уставните измени. Нов договор, како што рече, нема да има, ниту ќе има можност за репреговарање на преговарачката рамка.

„Нов договор нема да има, ниту ќе има можност за репреговарање на преговарачката рамка, како што некои политичари истакнуваат. Она што ние треба да направиме како политичко лидерство е да обезбедиме непречен процес на зачленување на Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ. По членството во НАТО, Северна Македонија треба да стане членка на Европската Унија, бидејќи Европската Унија е нашата единствена алтернатива и директен интерес на граѓаните и барање на граѓаните“, рече Ковачевски.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Тој изрази благодарност за придонесот на САД во сите процеси, како и за личните заложби на Ескобар, како во однос на развојот на земјава, така и во неговите лични заложби за унапредување на регионалната стабилност на Западен Балкан.

„На денешниот состанок разговаравме за развојот на настаните и процесот во однос на нашиот еврооинеграциски пат, како и за отпочнување на уставните измени. Раговаравме за успешниот тек на скрининг процесот, а пред се за процесот на отпочнувањето на уставните измени кои покрај ЕУ, и САД го сметаат за клучен и важен чекор во обезбедување на европската иднина и продлжување на процесот на европски интеграции на Северна Македонија“, рече Ковачевски.

Извор: МИА

- Реклама -