Украина тврди дека извршила десант на Крим

Украинските разузнавачки служби извршија десант на Крим со помош на морнарицата. Тие се судрија со руските сили, соопшти Киев.

„Како резултат на тоа непријателот претрпе загуби, а уништена е и руска воена опрема. Сите цели и задачи се исполнети. Ниту еден Украинец не е повреден, се наведува во соопштението на Украинското воено разузнавање, објавено на Телеграм.

Во соопштението се посочува и дека е истакнато и украинско знаме.

Тврдењето за десантот на Крим не е потврдено од независни извори, а Москва се уште не коментирала.

Крим од 2014 година е под руска окупација.

МИА

Прочитајте и:  Лавров: Зеленски се исплаши од одговорот на Русија
- Реклама -