Апасиев за уставните измени: „Во дипломатијата вие сте искубана кокошка, станавте СДС-(М)ихајловистичка“

Пратеникот и претседателот на Левица, Димитар Апасиев, денеска на Комисијата за уставни прашања изјави дека никогаш нема да има уставни измени.

„Никогаш нема да има уставни измени. Ова ќе биде нашето единствено излагање по предлогот, затоа што сметаме дека материјална расправа е безвредна, бидејќи вие премиере ја направивте сметката без крчмар, влеговте во процесот вртоглаво без да обезбедите двотретинско мнозинство. Навистина е излишно материјална расправа по оваа прашање“, рече Апасиев.

Тој ја обвини власта дека не обезбедила никакви државнички гаранции и посочи дека Бугарија и други земји можат да ни стават вета на патот кон ЕУ.

„Што е најтрагично, не обезбедивте никакви државнички гаранции дека нема да има нови вета и тоа не само од Бугарија. Бугарија има уште 35 пати шанса да ни стави вето и ќе ни стави. Ќе ни стават и други земји. Сето она што ние денес го зборуваме е една обична козметика знаејќи дека влегуваме во еден лузерски процес, бидејќи вие навикнавте и сакате и нас како македонска нација да не навикнете на порази“, рече тој.

Според Апасиев, никој не говори за правните последици кои ќе произлегуваат од процесот на уставните измени, а не само внесување на Бугарите во нашиот Устав.

Целосното обраќање на Апасиев погледнете го во следното видео:

- Реклама -