Николоски: Ден за историја, денес во Собрание ќе гласаме против уставните измени

Денешниот ќе биде ден во кој ќе се испише историја и ВМРО-ДПМНЕ, со гласање против уставните измени, ќе каже „НЕ“ на негирањата и газењето на македонскиот национален идентитет, порача на Фејсбук пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николоски.

„Има денови за историја! Ова е еден од нив!

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи газење на македонскиот национален идентитет, негирање на македонската историја и култура.

Денес во Собрание ќе гласаме ПРОТИВ уставни измени!

НЕ за уцени и негирања!

Кај оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ УЦЕНИ НЕ ПОМИНУВААТ!

Да ја вратиме гордоста кај народот, ПОПУШТАЊА НЕМА!

Македонци гордо и со крената глава!“, напиша тој на Фејсбук.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ
- Реклама -