Борел: Руското гранатирање на Одеса е варварско, ќе предложам значително зголемување на воената поддршка

„Трета ноќ по ред Русија го гранатираше и го уништува пристаништето во Одеса, изгореа 60 илјади тони жито. Ова гранатирање предизвика не само цивилни жртви, туку и големо уништување на силосите во пристаништето. Ова е варварско однесување“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, пред почетокот на денешниот состанок на европските министри за надворешни работи во Брисел.

Тој истакна дека тоа ќе создаде огромен недостиг на храна ширум светот и укажа на потребата да се обезбедат дополнителни капацитети за воздушната одбрана на Украина.

Борел рече дека ќе предложи значително зголемување на европските средства наменети за воена поддршка, без да ја прецизира сумата додека не се постигне политички договор.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

„Ако украинските поморски патишта се затворени, треба да извезуваме повеќе жито преку нашите пристаништа, тоа значи повеќе напори од соседите на Украина, тие треба да ги отворат границите и да го олеснат трансферот на жито“, рече Борел во врска со одлуката на Москва да се повлече од договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море.

Извор: МИА

- Реклама -