Мили: Контраофанзивата е далеку од неуспешна, Украина има значителна борбена моќ што сѐ уште не е вклучена во војната

Украинските сили имаат „значително количество борбена моќ“ што сè уште не е вклучено во војната, изјави денеска началникот на американскиот Здружен Генералштаб, генерал Марк Мили, додавајќи дека Киев чува дел од своето тактичко оружје додека војниците полека се пробиваат низ руските мински полиња.

Во разговор со новинарите по 14-та видео средба на Контакт групата за Украина, што ја сочинуваат претставници на одбранбените оддели на повеќе од 50 земји во светот, Мили, на прашањето за бавниот напредок на украинската контраофанзива, рече дека Украина ќе одлучи кога да ја искористи својата борбена моќ и сложената обука што ѝ ја обезбедуваат САД и нивните сојузници.

Генералот отворено ги отфрли сугестиите дека украинската офанзива пропаѓа.

Прочитајте и:  Шолц телефонски разговарал со Путин, првпат по две години... ова биле темите

„Според мое мислење, тоа е далеку од неуспех. Мислам дека е премногу рано тоа да се нарекува така“, рече Мили.

САД соопштија дека бараат од сојузниците „да продолжат да црпат од нивните воени резерви“, особено муниција што итно ѝ е потребна на Украина.“

САД овој месец се согласија да испратат илјадници парчиња касетна муниција во Украина и ги вклучија во пакетот помош од 800 милиони долари. Муницијата, што е земена од залихите на Пентагон, од минатата недела почна да почна да пристигнува во Украина.

Вредноста на вкупната американска воена помош за Украина надмина 40 милијарди долари.

МИА

- Реклама -