Населението во панично бегство по најавите за „голема провокација“ во нуклеарната централа Запорожје, Москва и Киев со меѓусебни обвинувања

Од регионот околу нуклеарната централа Запорожје локалното население почна да бега откако обвинувањата и од руска и од украинска страна предизвикаа паника кај Украинците, пренесува Скај Њуз, додавајќи дека Русија, сепак, направи преседан со тоа што ја минираше браната Каховка.

Според извештаите од теренот, паниката била засилена со руските тврдења на блогерите дека Украинците планирале да ја нападнат централата бидејќи кога Русите ги обвинуваат Украинците дека се подготвуваат да направат нешто, тоа може да биде знак дека тие се подготвуваат сами да го направат тоа, како во случајот со Каховка.

Покрај тврдењата на блогерите и коментарите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за „можен експлозив“ виден на покривот на централата, руски нуклеарен советник кажа дека украинскиот напад врз електраната се очекува во текот на ноќта на 5 јули.

Прочитајте и:  Лавров: Зеленски се исплаши од одговорот на Русија

Скај Њуз објави дека токму овие најави предизвикале голем број Украинци ненадејно да ја напуштат земјата. Редиците на граничниот премин со Молдавија се протегаат на повеќе од три километри, што е состојба каква што не е видена со месеци.

Извори на британскиот медиум посочуваат дека во последните неколку дена и неколку руски војници и експерти се повлекле од централата.

МИА

- Реклама -