Бектеши го кани Мицкоски да ја посетат компанијата на синот на Али Ахмети – Шкумбин Ахмети

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска упати јавна покана до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, заедно со новинарите да одат да ја посетат компанијата на синот на претседателот на ДУИ – Али Ахмети, Шкумбин Ахмети, и јавно да бидат презентирани сите документи што работела неговата фирма од денот на основање до овој момент.

Бектеши потенцира дека Шкумбин Ахмети има приватна фирма која се занимава со архитектура и главно сите негови проекти се за потребите на одредени компании во Швајцарија.

„Во однос на наводите на ВМРО-ДПМНЕ за синот на Ахмети, денеска сакам да го повикам јавно господинот Мицкоски во мое лично име и заедно со мене, имајќи во предвид дека и тој има потекло од Кичево и Кичево е многу мал град, сите се знаеме меѓу себе, да одиме во Кичево да ја посетиме канцеларијата на господинот Шкумбин Ахмети и пред медиумите заедно со господинот Мицкоски да видиме што работи Шкумбин Ахмети во последните пет години. Тој има приватна фирма која се занимава со архитектура и главно сите негови проекти, повеќе од 99 отсто се за Швајцарија и тој прави цртежи за потребите на одредени други компании во Швајцарија, која нема никаква поврзаност со Република Македонија, а посебно со институциите кои бараат такви услуги“, рече Бектеши.

„Ако е храбар за тоа што го кажува, од денеска, кога тој ќе има време, јас ќе ја прилагодам мојата агенда со неговата да одиме во Кичево заедно со медиумите во канцеларијата на Шкумбин Ахмети и јавно ќе ги презентираме сите документи што работела неговата фирма од денот на основање до овој момент“, додаде тој.

Прочитајте и:  Таравари: ДУИ се обидува на секаков начин да прикаже дека сѐ е катастрофа откако тие не се на власт

Во однос на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ кон внукот на Али Ахмети, Бесијан Амети, Бектеши рече дека двајцата потпретседатели на партијата – Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски, треба да имаат повеќе информации како бил направен изборот на економски промотори, бидејќи, како што посочи, тие двајцата тогаш биле на високи владини функции.

„Што се однесува за Бесијан Ахмети, ве повикувам вас медиумите, но и двајцата потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ – Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски… Во време кога тој бил избран за економски промотор на Република Македонија за земјите на Бенелукс, едниот бил министер за транспорт и врски, а другиот заменик министер за МИОА и тие најверојатно би требало да имаат повеќе информации како е направен изборот, бидејќи изборот на економските промотори се прави посетувајќи ги сите институции, вклучувајчи ја и МИОА и Министерството за транспорт и врски каде што земаат и потписи од надлежните со цел да станат економски промотори. Навистина очекувам од ВМРО-ДПМНЕ да не креираат лажни вести. Но, конкретно и во пракса заедно со новинарите да одиме и да видиме која е вистината“, рече Бектеши.

Извор: МИА

- Реклама -