Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази стравување дека Киев може да ја загуби поддршката од двете партии во САД (демократите и републикаците), по, како што наведе, „опасните пораки што доаѓаат од некои републиканци“.
„Мајк Пенс (поранешен потпретседател на САД, оп.а.) нè посети и ја поддржува Украина. Прво како Американец, а потоа како републиканец. Имаме поддршка од двете партии. Сепак, во нивните кругови кружат различни пораки за поддршката за Украина. Некои републиканци испраќаат понекогаш опасни пораки дека поддршката може да биде помала“, изјави Зеленски на прес-конференција во Киев.
Зеленски нагласи дека, без оглед на тоа кој ќе победи на следните претседателски избори во САД, одржувањето на поддршката и од демократите и од републикаците е „најважната работа за Украина“.
МИА