Шолц: Не треба да има нови условувања за пристапните преговори на Северна Македонија, за тоа јас гарантирам

„Пристапниот процес на Северна Македонија треба да биде редовен, согласно напишаното на хартија, и не треба да има нови условувања кои се однесуваат на билатералната состојба“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, кој е во дводневна официјална посета на Сојузна Република Германија.

„Ќе бидам јасен. Тоа е јасно договорено, и треба да биде редовен пристапен процес според постапките кои се управуваат од ЕУ. Тоа се работи кои се веќе напишани на хартија и не треба да дојдат други што се однесува до билатералната состојба. Јас гарантирам за тоа“, рече канцеларот Шолц на новинарско прашање за коментар дали е прифатлива за него изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека уставните измени, кои се утврдени во преговарачката рамка, се само прелиминарен услов за земјава и дека со нив не се исцрпени сите услови за државата да ја почне втората фаза од преговорите.

Прочитајте и:  ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ

Шолц порача дека уставните измени се од централно значење за да се ослободи патот кон ЕУ и дека Германија сериозно ја сфаќа ЕУ-перспективата на земјава.

Извор: МИА

- Реклама -