Герхард Шредер: Сметам дека моите политички одлуки за Русија беа исправни, сега пуштете ме да живеам

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер (владата ја предводеше од 1998 до 2005 година) смета дека неговата политика кон Русија била исправна.

„Верував дека моите политички ставови за Русија се исправни. Како и досега, верувам дека тоа беше исправно, затоа сето тоа (критиката на неговата позиција за Русија) ме боли“, рече Шредер.

„Ова е мојот живот и јас го живеам. Не ми требаат другите да ми диктираат како да живеам“, додаде тој.

„Критикувајте го тоа што сум го направил или пуштете ме да си одам, не очекувајте да се откажам од ништо. Во моментов се откажувам од премногу нешта“, посочи тој.

Како што телевизијата објаснува, интервјуто со Шредер е снимено на 20 април. Документарецот е за весникот Билд и неговиот поранешен главен уредник Каи Дикман и е наречен „Историја на Билд – тајната архива на поранешниот шеф Каи Дикман“.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина

Шредер во Германија е критикуван за неговиот проруски став.

Во интервјуто, тој нагласува дека политичката и економската изолација на Русија е невозможна на долг рок, а просперитетот на Европската унија, вклучително и Германија, секогаш ќе зависи од снабдувањето со руски суровини.

Сопругата на поранешниот канцелар Сео Јонг Ким – Шредер, доби отказ од компанијата „NRW.Global Business“ откако таа и нејзиниот сопруг присуствуваа на прием организиран од Руската амбасада во Германија на 9 мај по повод 78-годишнината од победата во Голема татковинска војна.

МИА

- Реклама -