„Вагнеровците“ во поход кон Москва, се евакуира населението, се затвораат трговски центри, музеи..

Би-Би-Си Русија известува за евакуација на јавни згради во Москва додека платениците на Вагнер напредуваат кон главниот град на Русија.

Медиумот информира дека во Москва се евакуираат музеите во близина на Кремљ. Во последните неколку часа имаше извештаи за евакуација на Третјаковската галерија, музејот Пушкин и културниот центар ГЕС-2, додава Би-би-си. Во Москва наводно биле евакуирани и трговскиот центар Мега Белаја Дача и трговскиот центар Квартал.

Агенцијата NEXE објави видео на кое платеници на Вагнер уриваат барикади на улиците што водат кон Москва, а руската армија подготвува гнезда со митралези на јужниот влез на градот.

Ова следува откако платениците од Вагнер се свртеја против руското воено раководство. Претходно Вагнер ги зазеде сите клучни институции во Ростов на Дон, каде наводно се наоѓа рускиот министер за одбрана.

Руските војници распоредиле сили во полна борбена готовност на југозападниот крај на Москва, објави рускиот весник Ведомости поткрепени со фотографии од теренот. На фотографиите се гледаат и полицајци собрани на позицијата каде што автопатот М4 се спојува со влезот во рускиот главен град. По овој автопат се движат бунтовничките платеници од „Вагнер“. Според западни медиуми тие се сега на околу 250 км од Москва.

Прочитајте и:  Варшава: Руски разузнавачки служби веројатно стојат зад серијата експлозии во курирски центри низ Европа

 

Руските власти наводно им понудиле амнестија на борците на Вагнер доколку се предадат, јавија западни медиуми пренесувајќи извештаи на руски новински агенции.

Руски претставник изјави за руската државна новинска агенција ТАСС дека на борците на Вагнер им е ветена амнестија доколку го предадат оружјето, но тие мора брзо да дејствуваат, пренесоа запоадни медиуми.

„Вагнеровите борци се уште можат да го положат оружјето и да избегнат казна со оглед на нивните достигнувања за време на специјалната воена операција во Украина, но тоа треба да го направат брзо“, изјави пратеникот Павел Крашениников за ТАСС.

Руските медиуми јавија дека во Москва ќе биде исклучен интернетот ако постои потреба за таков потег.

На социјалните мрежи е објавено дека е блокиран мост на реката Ока што се наоѓа на стотина км јужно од Москва и дек асе копаар ровови во приодите кон главниот град на Русија.

МИА

- Реклама -