Во знак на „благодарност“, Левица поднесе резолуција за признавање и афирмација на германскиот јазик и култура

Денес пратениците на Левица, во Собранието на Република Македонија, поднеле Предлог-резолуција за продолжување на евроинтеграциските процеси и за признавање и афирмација на јазикот, културата и суверенитетот на СР Германија, информираат од партијата.

„Оваа Резолуција се предлага на Собранието на РМ како резултат на Резолуцијата на германскиот Бундестаг (јуни 2023), со цел да се укаже на реалната состојба, проблемите и мерките што треба да се преземат по однос на интеграциската политика кон Европската унија од страна на македонската Влада, како и официјално да ги признае германскиот јазик и идентитет како и суверенитетот – со што ќе се заблагодари и реципрочно ќе возврати на Сојузна Република Германија за ‘признавањето’ на македонскиот јазик и идентитет, без споменување на зборот Македонци во нормативниот текстот на самата Резолуција, донесена неодамна од страна на германскиот Бундестаг“, велат од партијата.

Како што посочуваат, Резолуцијата содржи конкретни барања од македонската Влада кои се „во насока на продолжување на евроинтеграциските процеси врз основа на почитување и уважување на македонскиот народ“.

Со резолуцијата, се бара Владата:

• Да одолее на притисоците, уцените и неправичните услови за отпочнување на преговорите со Европската унија и да отпочне радикални реформи кои ќе го прекинат процесот на етно-трибалистичките поделби и дезинтеграција на државата, усогласувајќи ја малцинската политика согласно европската пракса;

Прочитајте и:  Митева: Мора да продолжиме на патот кон ЕУ, тоа е наша стратешка цел и за тоа ќе продолжиме да се бориме

• Да побара одвојување, односно посебни билатерални преговори исклучиво со институциите на Унијата и да ја повика Бугарија (и ЕУ) да го поддржи патот на Македонија кон ЕУ во рамките на Копенхашките критериуми;

• Да започне со засилени реформи во судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и зајакнувањето на владеењето на правото, и преку личен пример, со процесуирање на криминалците од сопствените редови како и проширување на соработка меѓу Европското јавно обвинителство;

• Итно и неодложно да ги спроведе промените во изборното законодавство заради воведување на една изборна единица;

• Особено да се посвети на заштита на лицата со попреченост и воведување на регулатива која ќе овозможи остварување на правото на живот и лекување на луѓето со ретки болести, како и водење социјална политика која ќе ги подобри условите на социјално ранливите категории и на луѓето кои живеат на работ од сиромаштија;

Целосниот текст од Резолуцијата можете да го најдете на сајтот на Левица, на следниов ЛИНК.

- Реклама -