Руските вооружени сили ставени на глобалната листа на престапници

Обединети нации ги додадоа руските вооружени сили на глобалната листа на престапници поради убиство на 136 деца во Украина минатата година.

Според извештајот доставен до Советот за безбедност на ОН, руските сили и сојузничките групи минатата година во Украина убиле 136 деца, осакатиле 518 деца и извршиле 480 напади врз училишта и болници.

Според извештајот, 91 дете биле користени како жив штит.

Од друга страна, украинските вооружени сили, според извештајот, убиле 80 деца, осакатиле 175 деца и извршиле 212 напади врз училишта и болници.

И покрај овие факти, украинските вооружени сили не се на глобалната листа на криминалци.

МИА

Прочитајте и:  Калас: ЕУ мора да ја поддржи Украина колку што е потребно
- Реклама -