Гир: Македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка, не треба да се очекуваат нови договори, гаранции или ветувања

Не треба да се очекуваат нови договори во однос на пристапувањето на земјава во Европската унија, порача евроамбасадорот Дејвид Гир.

Гир, прашан за барањето на ВМРО-ДПМНЕ – Советот на Европската Унија да усвои нов документ со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет и јазик, потенцираше дека македонскиот јазик е веќе содржан во Преговарачката рамка без никакви квалификации.

„Прво нешто што треба да кажеме дека на патот кон ЕУ не се губи националниот идентитет, јазикот и културата. И секако, македонскиот јазик веќе е во рамката за преговарања без никакви квалификации. Што се однесува до очекувањата, не верувам дека може да има подобар или да се очекува подобар договор со Бугарија од тоа што беше договорено и доведе до отворање на преговорите минатиот јули“, рече Гир, додавајќи дека што се однесува до процесот на пристапување, не треба да се очекуваат некакви нови договори, гаранции или ветувања.

Прочитајте и:  Средба Сиљановска Давкова - Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

„И секако, од искуствата што ги гледаме од другите земји, фокусот треба и е на реформите, значи промените што треба да се случуваат. И со тоа вашиот идентитет, како и идентитетот на земјата, се зајаканува“, рече Гир.

Извор: МИА

- Реклама -