Столтенберг: Успешна украинска контраофанзива ќе го присили Путин да седне на масата за преговори

Доколку украинската контраофанзива биде успешна, тоа би можело да го натера рускиот претседател Владимир Путин да седне на преговарачка маса, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за Си-ен-ен.

„Колку повеќе Украинците победуваат на теренот, толку е поголема веројатноста претседателот Путин да разбере дека треба да седне на преговарачка маса и да даде согласност за праведен и траен мировен договор“, кажа првиот човек на Алијансата, кој подоцна денеска во Вашингтон ќе треба да има средба со американскиот претседател Џо Бајден.

Говорејќи за Си-ен-ен за тоа кој ќе биде негов наследник на чело на НАТО, Столтенберг изрази апсолутно уверување дека сите 31 земји членки ќе му најдат одличен наследник. Тој нагласи дека сега приоритет му е да ја води Алијансата до крајот на мандатот.

Прочитајте и:  Идна надворешна политика на ЕУ: Главна е поддршката за Украина, поделба на Косово не доаѓа предвид

Според различни шпекулации, наследник на Столтенберг би можеле да бидат данската премиерка Мете Фредериксен или британскиот министер за одбрана Бен Валас.

Бајден неодамна изјави дека Валас е многу квалификуван, но дека треба да се најде консензус во НАТО за ова прашање.

МИА

- Реклама -