„Вашингтон Пост“: САД знаеле дека Украина планира да го разнесе „Северен тек“

САД имале разузнавачки информации за деталниот украински план за напад на гасоводот „Северен поток“ три месеци пред да биде уништен со експлозив, пишува „Вашингтон пост“, пренесува МИА.

Како што се наведува во текстот, ЦИА минатиот јуни, преку Европската шпионска агенција, дознала дека тим од шест украински специјални оперативци имале намера да разнесат „проект за природен гас од Русија до Германија“.

Извештајот на европското разузнавање бил споделен на друштвената платформа Discord, наводно од членот на националната гарда на воздухопловната гарда Џек Тешеира, кој беше обвинет за неодамнешното протекување на чувствителни американски документи за војната во Украина. „Вашингтон пост“ тврди дека добил копија од еден од онлајн пријателите на Тешеира.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

Разузнавачкиот извештај, пишува весникот, се заснова на информации добиени од лице од Украина, а ЦИА го споделила извештајот со Германија и другите европски земји минатиот јуни. Во истиот, меѓу деталите се наведуваат и конкретни оперативци и методи на напад, истакнува „Вашингтон пост“, додавајќи дека официјални лица во неколку земји потврдиле дека резимето на разузнавањето објавено на Discord точно го наведува она што европската агенција ѝ го кажала на ЦИА.

Од сето тоа произлегува дека речиси една година западните сојузници имале причина да се сомневаат во саботажа на Киев, констатира весникот.

Извор: МИА

- Реклама -