Сунак: Ако се покаже дека Русија ја урнала браната, тоа ќе биде ужасен чин на варварство

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Лондон сѐ уште не може да каже дали Русија е одговорна за уништувањето на браната Каховка на југот на Украина.

„Сѐ уште не можам дефинитивно да го кажам тоа. Нашите разузнавачки и воени служби работат на случајот, рече Сунак, одговарајќи на новинарско прашање.

„Но, ако е вистина, ако се покаже дека е намерно, тоа ќе биде ново ниско ниво. Тоа е ужасен чин на варварство од страна на Русија“, додаде тој.

МИА

Прочитајте и:  Анкета на Галуп: Над половина од Украинците сакаат крај на војната со преговори што поскоро, опаѓа оптимизмот за членство во ЕУ и НАТО
- Реклама -