Поплавата од Каховка ги збришала руските полкови од другата страна на Дњепар, тврдат украинските сили

Укрански војници биле сведоци на сцени во кои руските трупи од левиот брег на реката Дњепар биле однесени од поплавата која настана по уривањето на браната Нова Каховка во јужна Украина, јави денеска CNN.

Според капетанот Андреј Пидлисниј, многу од руските вјници се загинати или ранети во целосниот хаос што следел по уривањето на браната.

„Во вторник во утринските часови никој од руска страна не беше во можност да избега. Сите полкови на Русите на другата страна на реката беа поплавени“, изјави тој.

Пидлисниј верува дека Русите намерно ја нападнале браната да ги пореметат плановите за претстојната офанзива на украинските сили.

На левиот брег на Дњепар, имено, биле стационирани бројни руски трупи кои не знаеле дека браната се урива и не успеале да се спасат. Според соговорникот, тие не биле предупредени дека им се пишува лошо, а најверојатно намерата (на Москва) била да се искористи елементот на изненадување.

Прочитајте и:  Бајден одобри противпешадиски мини за Украина со цел да се запре рускиот пробив

И додека Украина обвинува дека Русија ја минирала браната, Кремљ тврди дека Киев стои зад нападот, кој е поврзан, како што тврдат, со украинската контраофанзива.

Докази кои би ги поддржале тврдењета на една од страните нема, но анализите на видеата и сателитските снимки од браната во изминатиот период, откако беше окупирана од Русија, сугерираат дека можно е и поплавата да била резултат на оштетувања на градбата, посочува CNN.

- Реклама -