Мицкоски: Добрососедството е двонасочна улица, Бугарија нека избере и имплементира барем три од пресудите на ЕСЧП

„Добрососедството значи двонасочна улица, не еднонасочна, значи и нашите соседи треба да бидат добри соседи“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по лидерската средба со премиерот Ковачевски, на која тема, покрај евроинтеграциите и уставните измени, беше и добрососедството.

„Јас би сакал да бидам добар сосед со нашиот источен сосед, со Бугарија, и од оние 14, 13 веќе завршени судски случаи пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, од кои шест се конечни и веќе во септември треба Бугарија да ги имплементира, да одбере три и тие три да ги примени. Тогаш ќе речеме ‘добро е, навистина постои нов ветар кај нашиот источен сосед, има добрососедство и нашинците во тој дел од земјата, во тој дел од Балканот, во Бугарија, ќе можат да се почувствуваат дека некој во нивната матична држава стои позади нив“, истакна Мицкоски на прес-конференцијата по средбата.

Прочитајте и:  Средба Сиљановска Давкова - Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

Според него, ваквото барање не претставува промена на преговарачка рамка, туку само се бараат гаранции за нашинците во Бугарија и она што веќе го досудил Европскиот суд за човекови права.

„Не барам ништо повеќе од тоа што на нив им следува, за да видиме дека навистина македонскиот идентитет е таков каков што е, дека нема утре да имаме кочење во процесот на преговори. Бидејќи сите велат дека тука никој нема проблем, еве начин да сето тоа се потврди, да покажеме грижа кон нашите таму, но и да покажеме грижа за нашите македонски граѓани“, додаде Мицкоски.

- Реклама -