Ковачевски: И Макрон и Фон дер Лајен кажаа дека сега е моментот да се донесат потребните одлуки

„Пораката на претседателот на Франција Емануел Макрон е многу јасна, тој уште еднаш ја искажа својата силна поддршка дека сега е моментот Северна Македонија да ги донесе потребните одлуки со кои ќе се обезбеди европска интеграција и европска иднина на нашата држава“, изјави премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното интервју за дневникот на телевизија „Канал 5“, по завршувањето на форумот ГЛОБСЕК во Братислава.

На средбите со францускиот претседател Макрон, но и со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лејен, рече тој, била потенцирана „важноста од носењето на потребните одлуки кои се важни за евроинтегративниот процес“ на земјава.

„Разговаравме за процесот на уставни измени кој кај нас е отпочнат. Предлогот за иницијативата е веќе направен, испратен до министерството за правда, идната недела ќе биде доставен до Владата, која подоцна ќе го испрати до Собранието за да отпочне процедурата. Претседателот Макрон, исто како и претседателката на Европската Комисија, кажаа дека сега е моментот да се донесат потребните одлуки, кои одлуки овозможуваат непречено интегрирање на Северна Македонија понатамошно во ЕУ“, изјави Ковачевски во интервјуто.

Прочитајте и:  ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ

Притоа, тој потенцираше дека треба да се искористи „геополитичкиот момент на согласноста на земјите членки на ЕУ“ за проширување на унијата со земјите од Западен Балкан, односно Македонија и Албанија.

- Реклама -