Зеленски: Соработуваме со британска компанија за изградба на база за производство на оружје

Украина соработува со големата британска одбранбена компанија BAE Systems за создавање украинска база за производство и поправка на оружје – од тенкови до артилерија, изјави претседателот на земјата, Володимир Зеленски.

Зеленски го објави ова по разговорите со високи функционери на компанијата, вклучително и извршниот директор Чарлс Вудбурн.

„Ова навистина е огромен производител на оружје, оружје што ни треба сега и ќе продолжи да ни треба“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање.

„Работиме на создавање соодветна база во Украина за производство и поправка. Ова опфаќа широк опсег на оружје, од тенкови до артилерија“, додаде шефот на украинската држава.

Зеленски рече дека двете страни се договориле да започнат со работа на отворање канцеларија на компанијата во Украина.

Прочитајте и:  Борел: Не треба да се дозволи договор меѓу Вашингтон и Москва кој не ги зема предвид ставовите на Киев и ЕУ
- Реклама -