Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска му подари графичка икона „Богородица Несвенлива Роза“ на папата Франциск.
Иконата потекнува од 1837 година од црквата „Света Богородица“ во Ново Село – Штип. Донесена е од Света Гора Атонска.
Автрот, односно мајстор кој го изработил бакрорезот, е Антим од Пелопонез – најпознатиот гравер и типограф на Света Гора Атонска од 19 век.
Иконата е единствена сочувана од овој иконографски тип.
Концепциски и тематски иконата во една целина обединува неколку иконографски теми: Богородица Несвенлива Роза со Хриcтос цар, Лозата Есеева и циклусот на Акатистот на Богородица.
Џафери на папата Франциск му подари и примерок од долгометражниот документарен филм за Блаже Конески – „Јанѕа“, од истакнатиот македонски документарист Никола Т. Калајџиски. Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“ – Скопје, финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија.
А по повод десетгодишнината од неговиот Понтификат, му подари уникатен примерок – изработен во техника длаборез, кутија за чување на лични работи.