Украина нема да прифати никакво губење територии или замрзнување на конфликтот, му рекол Кулеба на кинескиот претставник

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во Киев имаше средба со кинескиот специјален пратеник, кому му рекол дека неговата земја нема да прифати никакви предлози за прекин на војната со Русија кои вклучуваат губење територии или замрзнување на конфликтот, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.

Ли Хуи, специјален претставник на Кина за евроазиски прашања и поранешен амбасадор во Русија, ја посети Украина на 16-17 мај и се сретна со Кулеба, се вели во соопштението на Министерството.

Ова е прва посета на висок кинески претставник на Украина од почетокот на руската инвазија во февруари минатата година.

„Кулеба детално го информираше специјалниот пратеник на кинеската влада за принципите за враќање на одржливиот и праведен мир заснован на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Тој нагласи дека Украина не прифаќа никакви предлози кои вклучуваат губење на нејзините територии или замрзнување на конфликтот“, се вели во соопштението.

Прочитајте и:  Варшава: Руски разузнавачки служби веројатно стојат зад серијата експлозии во курирски центри низ Европа

За време на европската турнеја се очекува Ли да има разговори во Русија, Полска, Франција и Германија . Кина не ги осуди постапките на Русија и не ги дефинираше нејзините акции како „инвазија“, што доведе до критики од европските земји и од САД.

МИА

- Реклама -