Утре, во 14.30 часот, на свеченост во т.н. Гербова сала во зградата на бугарското претседателство, потпретседателката на Бугарија – Илијана Јотова, на Христијан Пендиков свечено ќе му го предаде новите лични документи, откако го потпиша указот за негово стекнување со бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло, соопшти Кабинетот на Радев, пренесуваат бугарските агенции.
Бугарските медиуми потсетуваат дека Пендиков – секретар на здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид, на 19 јануари годинава беше нападнат и претепан поради, како што потенцираат, неговата бугарска самосвест, а ден потоа беше „евакуиран“ со бугарскиот владин авион „Фалкон“ на лекување во Софија, каде што беше опериран поради скршена вилица.
Гербовата сала, пак, како што посочува „Макфакс“, е најголемата и најсвечената сала во објектот, во која се одржуваат најважните средби, се потпишуваат меѓудржавните договори и се доделуваат награди и одликувања.