Орбан: Во војната во Украина не може да има победници, невозможно е Русија да биде поразена

Oд самиот почеток, една од позициите на Будимпешта е дека не може да има победници во војната во Украина, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за унгарското државно радио.

Според него, западните замисли за победа или пораз се всушност „лажна воена дихотомија“. Невозможно е, рече тој, да се порази Русија.

„Невозможно е да се замисли дека некој би можел да победи земја со таква нуклеарна моќ каква што има Русија, која сигурно нема да седи мирна и да чека да биде победена. Таа нема да прифати воен пораз“, оцени Орбан.

Тој посочи дека интересот на Унгарија е „успешна Украина“, а етничките Унгарци кои живеат во земјата, како сосед на Унгарија, рече Орбан, прават Унгарија да биде уште помотивирана за мир.

Прочитајте и:  Британски министер: Русија може да ја нападне нашата енергетска мрежа

Извор: МИА

- Реклама -